(ВИДЕО) Научниците конечно со одговор: Зошто на почетокот на пандемијата со корона вирусот имаше „тепачки за тоалет хартија“ ?

Сите бевме сведоци, на почетокот на пандемијата со корона вирусот, особено кога започна во Европа, на тепачките во супермаркетите за тоалетна хартија…Никому не му беше јасно зошто тоа се случува…но, научниците конечно го дале своето објаснување…
Голема е веројаноста дека луѓето кои се вознемирени од полиците на супермаркетите, ќе ја соберат целата тоалетна хартија за да се снабдат за време на пандемијата на коронавирус, заклучија вчера швајцарски и германски научници.
„Луѓето кои се чувствуваа повеќе дека се во опасност имаа тенденција да грабнат повеќе тоалетни хартија“, напиша тимот предводен од Лиза Гарбе од швајцарскиот универзитет „Сент Гален“ во студијата објавена во стручното списание PLOS one.
Научниците од универзитетот во Минстер , како и од Институтот Макс Планк за еволутивна антропологија во Лајпциг, дојдоа до заклучок дека купувањето во паника може да се припише на индивидуалниот карактер на личноста.
„Луѓето кои генерално многу се грижат и кои се повеќе плашливи ќе се чувствуваат како да се во опасност и ќе натрупуваат тоалетна хартија“, напишаа авторите на студијата.
Производителите велат дека продажбата на тоалетна хартија скокнала дури за 700 проценти на почетокот на пандемијата на коронавирус. Но, каде исчезна целата таа тоалетна хартија, останува мистерија.


Авторите велат дека моделот на однесување идентификуван во нивната студија се однесува само на околу 12 проценти од луѓето кои ги менувале навиките за купување на тоалетна хартија.
„Субјективната закана што ја предизвика Ковид-19 беше важен стимул за акумулацијата на тоалетна хартија. Сепак, ние сè уште сме далеку од целосно да го разбереме овој феномен“, напишаа авторите.
Истражувачите испитувале повеќе од 1.000 возрасни лица од 35 земји за нивната студија. Прашањата се однесувале на личноста, проценка на ризикот од коронавирус и купување тоалетна хартија.
А во светот се направија и компилации на најуспешните тепачки во супермаркетите поради недостиг на тоалетна хартија.


Тепачките беа најчести , или пак се најдоа на социјалните мрежи најмногу од САД и од Австралија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …