(ВИДЕО) Американец за своето излекување од корона добил сметка од 1,1 милиони долари

„Мојата животна заштеда чинеше милион долари и секако дека се добро потрошени пари … Но, знам дека можеби сум единствениот што ќе го кажам тоа“

70-годишен Американец кој скоро починал од ковид-19 добил изненадувачки висока сметка од 1,1 милиони долари за трошоците за лекување во болница, пишува „Сиетл Тајмс“.


Мајкл Флор бил примен во болницата во Сиетл на 4. март и останал таму 62 дена. Во еден момент, тој бил толку близу до смртта што медицинските сестри му го држеле телефонот за да може да се збогува со сопругата и децата.
Но, тој се опоравил и е отпуштен од болницата на 5. мај, на задоволство на лекарите и медицинските сестри кои се грижеле за него – за да на крајот добие сметка на 181. страници со износ од 1,122,501,04 долари. Неговото срце скоро запрело кога ја видел сметката,вели Флор.
Во сметката било пресметано: 9.736 долари за одделението за интензивна нега дневно, близу 409,000 долари за 42- дневно претворање на просторијата во стерилен простор, 82.000 долари за употреба на респиратор за 29 дена и скоро 100.000 долари за нега за двата дена кога му бил загрозен животот.


Флор го покривал „Медикер“, програмата на Владата за осигурување за стари лица и нема да има потреба од вадење на паричникот, објави вчера „Тајмс“.
Но, во земја каде здравствениот систем е еден од најскапите во светот – и помислата да се направи достапен за секого останува многу контроверзна – тој рекол дека се чувствува „виновен“, знаејќи дека даночните обврзници ќе ги сносат повеќето од трошоците.
„Мојата животна заштеда чинеше милион долари и секако дека се добро потрошени пари … Но, знам дека можеби сум единствениот што ќе го кажам тоа“, ја наведува „Тајмс“ неговата изјава.
Конгресот го одобри гигантскиот план за одржување на американската економија за време на коронавирусот, кој вклучува буџет од 100. милиони американски долари за обештетување на болниците и приватните осигурителни компании кои лекуваат пациенти со ковид-19.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …