(ВИДЕО) МИСТЕРИЈА – СВЕТОТ ВО ШОК – АМЕРИКАНСКА ПОДМОРНИЦА ПОТВРДИЛА: 3.СНИМКИ на НЛО кои ги направиле американските пилоти се АВТЕНТИЧНИ – еве што снимиле!

Американската морнарица ја потврдила автентичноста на видеата направени од нејзините пилоти во врска со средби со непознати летачки објекти (НЛО).
Овие снимки, кои се направени во 2004. и 2015. година, ги објави Њујорк Тајмс во 2017. година.


Американската морнарица тврди дека снимките покажуваат „необјаснети воздушни феномени“, истакнувајќи дека тие никогаш не требало да бидат објавени во јавноста. Снимката, која сè уште е достапна на „ЈуТјуб“ денес, предизвика нова лавина на теории на заговор за вонземјани. Тие се нарекуваат “FLIR 1”, “Gimbal” и “GoFast”. Тие прикажуваат две ситуации кога пилотите на американската морнарица наидуваат на непознати летачки објекти.


Еден од нив бил снимен во 2015. година од американскиот источен брег. Тој бил снимен од пилотот на Ф-18. Другите два се снимани во 2004. година над Пацификот, крајбрежјето на Калифорнија.На нив исто така се слушаат пилоти, исто така во авиони Ф-18 на кои разговараат за непознати предмети.

Џозеф Грејдишер, портпарол на морнарицата, изјавил за порталот „Блек Волт“ дека армијата „ги означила предметите во тие снимки како неидентификувана воздушна појава“. Пентагон признава дека не може да ги идентификува овие предмети или да го објасни нивниот изглед.

Властите тврделе дека снимката не требало да биде објавена во јавноста. Пентагон ги запозна сенаторите со снимките од НЛО во јуни, а американскиот претседател Доналд Трамп во интервју на 16. јуни потврдил дека е известен за овие настани, како и за сомневањето дека станува збор за вонземјани.

Екран.мк

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …