(ВИДЕО) Метју Пери открил која сцена од „Пријатели“ одбил да ја сними


Ѕвездата на серијата „Пријатели“, Метју Пери, гостувал во емисијата „Watch What Happens Live“ каде зборувал за анегдотите од снимањето на серијата.
Играјќи една интересна игричка во емисијата на Енди Коен, Метју признал која сцена во „Пријатели“ одбил да ја сними.
Како што вели, добил сценарио за нова епизода на серијата, а кога го прочитал посакал таа сцена да не ја снима.
„Тоа беше дел од сценариото кога Чендлер оди во еден бар во кој се машки стрипери, само затоа што му се допаднал сендвич на тоа место“ објаснил Пери. „Го земав телефонот во рака и на продуцентот му реков – ’Ајде да не го снимаме ова’“.
Имал среќа што продукцијата му излегла во пресрет, па таа сцена ја прескокнале.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Британска водителка открила дека има дупка во срцето, се огласила по напорната операција

Британската водителка Ема Вилис открила дека била оперирана откако дознала дека има дупка во срцето. …