(ВИДЕО) ЛУЃЕТО БЕГАЛЕ ОД ОБЛАЦИТЕ ПЕПЕЛ: Ерупција на вулканот Семеру, загинале 13 лица

Бројот на загинати од ерупцијата на вулканот Семеру на индонезискиот остров Јава се искачи на 13, додека десет лица заробени по ерупцијата се успешно евакуирани, објави државната агенција за вонредни состојби (BNPB).
Семеру вчера исфрли големи количества гас, пареа и пепел, кои ги опфатија околните села во провинцијата Источна Јава и ги принудија луѓето да бегаат во паника, јавуваат агенциите.


Функционерот на BNPB, Абдул Мухари, рекол дека од 13. загинати, двајца од нив се идентификувани.
Истовремено, повредени се 98. лица, меѓу кои и две трудници, додека вкупно 902. се евакуирани. BNPB, исто така, објавил дека најмалку 35. лица се хоспитализирани, додека заменик-претседателот на областа Лумајанг рекол дека 41. лице се здобиле со изгореници.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Репертоар за Мај во Театар Комедија

Мај е еден од најубавите месеци во годината кога пролетта е во целиот свој сјај. …