(ВИДЕО) Комшиите почувствувале смрдеа – МИЛИОНЕРКА ПРОНАЈДЕНА БЕТОНИРАНА ВО ЗАМРЗНУВАЧ: Од нејзината сметка исчезнале сите пари, а сите траги водат кон еден човек!

Милионерката од Тајланд, Ване Јирачаројеинг (58) е пронајдена мртва во нејзиниот стан, бетонирана во замрзнувач.
Таа последен пат била видена на 18. октомври кога посетила храм во северен Тајланд.


Бидејќи не одговарала на пораките, загрижениот брат Ворафан (59) отпатувал во таа област за да ја најде.
Меѓутоа, нејзиното тело било пронајдено во замрзнувачот во неделата а над него имало бетон.
Инспекторите покренале истрага за убиство и трагаат по нејзиниот пријател, означен само како Ом. Во меѓувреме, тој исчезнал.

Освен тоа, од сметката на жртвата е земена голема сума пари, а исчезнале и нејзиниот автомобил и банкарските картички.
Се верува дека Ом може да обезбеди информации за тоа што се случило со милионерката која донирала стотици илјади евра во хуманитарни цели.

Граничните премини се проверувале бидејќи се сомневаа дека Ом ја напуштил земјата.

“Од банката дознавме дека парите се подигнати после нејзината смрт. Кога семејството изгубило контакт со неа, осомничениот собрал пари од три банкомати. До сега, тој веќе подигнал околу 35.000 евра”, соопштила полицијата.
Телото е пронајдено откако соседите се пожалиле на смрдеа што доаѓа од нејзиниот стан.

Екран.мк

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …