(ВИДЕО) Кога запросувањето ќе тргне наопаку: Влетал на стадионот со прстенот и обезбедувањето го соборило на земја

Запросувањето на бејзбол натпревар тргнало наопаку откако еден дечко влетал на стадионот и се спуштил на едно колено, а обезбедувањето веднаш скокнало и го соборило на земја. Инцидентот се случил за време на бејзбол натпревар каде Лос Анџелес Доџерс играле против Аризона Дајмондс, а видеото стана вирално на социјалните мрежи и собра милиони прегледи.


„Вака треба да се неутрализираат сите предлози на стадионите“, се пошегувал еден твитерџија, а твитерџика напишала: „Се прашувам каков одговор добил“.
Ова не е единственото запросување кое тргнало наопаку. Минатата година за време на хокеј натпревар, еден романтичар на градите ги напишал зборовите „Те молам кажеи: „Да, да, да“, но потоа девојката го напуштила стадионот.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Што не советуваат ѕвездите за утре 05.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето?!

Овен Работа: Позитивната енергија и доброто расположение треба да го поттикнат Овенот овој ден да …