(ВИДЕО) ЌЕ СЕ СМЕЕТЕ ДО СОЛЗИ! Пијан Русин се загубил во делот за багаж на аеродром – Погледнете ја најсмешната СНИМКА!

Возење на непозната дестинација
Видеото на пијаниот маж од Русија, кој се изгубил во багажниот простор на аеродромот додека се обидувал да го најде својот лет, стана вирално.
Урнебесната сцена е снимена на аеродромот Шереметјево во Москва на 28. јули.
Според локалните медиуми, мажот, од некоја чудна причина, се обидел да стигне до пистата каде што бил паркиран неговиот авион – преку багажниот простор.
Сепак, тој се изгубил некаде по пат и завршил на подвижна лента за куфери.


На видеото може да се види како оди по лента со рачниот багаж, а потоа ја губи рамнотежата и паѓа на лентата, додека ранецот му се заглавил на оградата од страна.
Тој, неколку секунди, се обидувал да го откачи ранецот, лежејќи на подвижната лента, додека конечно не успеал да го ослободи. Лентата потоа го носи, додека човекот не е свесен каде ќе заврши на крајот.
Медиумите пренесуваат дека останал без чевли.
На крајот, стигнал до местото каде што се скенира багажот, а таму обезбедувањето го чекало да го уапси.
Министерството за внатрешни работи потврдило дека имало инцидент, велејќи дека патникот, жител на Јалта, е роден во 1994. година.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денешен хороскоп (27.04.2024): Бикови не чекајте нешто да се случи на вашиот љубовен план, за лавовите потребно е повеќе внимание и разбирање

Овен Работа: Опуштениот прв ден од викендот е за повеќето Овни да уживаат првенствено во …