Рускиот медиум РТ објавил видео од 70-годишна баба од градот Петровка во регионот Амур, која не отстапила пред дрскиот разбојник на улица, иако сторителот бил барем десет пати посилен од неа, и физички и со намера да ја ограби.
Имено, видеото го објави локалната полиција и на него се гледа снимка од безбедносни камери на разбојник кој и приоѓа на старицата одзади и и’ ја краде чантата.
Меѓутоа, старицата не се предала туку цврсто ја фатила торбата. Насилникот продолжил да ја влече и краде торбата, поради што старицата паднала на асфалтот. Меѓутоа, насилникот не се откажал, туку почнал да ја влече старицата по улицата, за во еден момент да се откаже и да побегне.
Полицијата успеала да го идентификува сторителот и разбојникот, а за тоа дело е осомничен млад 22-годишник, кој исто така поради облиг отишол да го направи грабежот, бидејќи се обложил со друштвото дека ќе и ја украде торбата на старицата.
Снимката за бабата која безмилосно ја бранела својата ташна по цена на својот живот наскоро стана вирален хит на сите социјални мрежи Поради тоа, на старицата сепак и ’беше потребна медицинска помош.
Фото: Принтскрин/YouTube/RT