(ВИДЕО) Како лего – цела куќа готова за 6. часови – и тоа каква!

Станбените кризи во земјите ширум светот биле причина архитектите на себе да ја превземат задачата на изнаоѓање економични решенија.
Најпопуларните и се чини најкорисните од овие решенија се оние за микро-живеење.
Микро животот е токму таков каков што звучи – минијатурни домови – кои се доволно малечки да ги одржуваат трошоците на ниско ниво, но и доволно големи да одговараат на содржините како кујна, бањи, спални соби и простор за трпезарија.
Архитектот Ренато Видал од Италија е најновиот кој успеал да ја исполни задачата станбена зграда со модерен дизајн да ја направи и пристапна (цената и е 24.000 фунти или 32.810 долари) во рамно куќиште за чија изградба е потребно само шест – седум часови.
И додека стилот не е нешто што е неопходно, Видал успеал таа малечка куќа да ја направи исклучително елегантна и еколошки прифатлива.
Иновативните куќи М.А.Ди кои се направени во фабрика, комплетно спакувани, а потоа лесно се трнспортираат до скоро секоја локација, можат да изградат без потреба за изградба на бетонски темели.


„Најдобар дел?Процесот за монтирање бара само три лица и неколку часови рачна работа. А, за оние кои сакаат да живеат зелено, еко-френдли куќата има капацитет да стане во потполност енергетски независна со соларни панели, ЛЕД осветлување и системи на сива вода“.
Изградбата на куќата е едноставна, како што се одвива секој модул, движење од кровот, додавање на внатрешните ѕидови и подови и прозорци. Сите основни модели вклучуваат бања, кујнски приклучоци и технички инсталации и гаранција за испорака од 60. дена.
Малечката куќа е достапна во разни големини во зависност од буџетот и потребниот простор. Моментално опциите се движат од малечка куќа со големина од 27. квадратни метри по цена од 24.800 фунти до семејна куќа со големина од 84. квадратни метри со двостепени скалила која ќе ве чини 54.900 фунти.
А, ако некогаш одлучите дека ви е потребна промена на сценографијата, куќата М.А.Ди може лесно да се урне и префрли на друга локација.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Galaxy AI пристигна – искусете го нашиот свет на AI и добијте феноменален пакет подароци

Оваа пролет ќе биде во знакот на мобилната вештачка интелигенција бидејќи Galaxy AI e сегадостапна …