Тревис Скот го претстави видеото за новата песна „Stop Trying To Be God” (Престани да се обидуваш да бидеш Бог), во кој се појавува неговата девојка, Кајли Џенер, но и многу овци и кози…
Тревис Скот, со видеото за песната „Stop Trying To Be God”, за само неколку часа по објавувањето кренал многу прашина.
Имено, главната улога во видеото, освен Тревис, ја има неговата девојка и мајка на неговата ќерка, Кајли Џенер.
Така, во видеото, Кајли станува кафеава и златна и има малечка коза. Многумина заклучиле дека нејзината улога во видеото е всушност модерна Девица Марија.
Се разбира, на Тревис му припаднала улогата на Бог. Контроверзниот спот го режирал Дејв Мејерс, кој досега соработувал со Кендрик Ламар и Ариан Гранде,предизвикал бурни реакции.