(ВИДЕО) ЈА ВООДУШЕВИЛЕ ЈАВНОСТА – Снимка од тато и син кои слават 11. месеци без рак: „Ако можеме ние, можете и вие!“

На Кристијан во јуни 2018 година му била дијагностицирана леукемија
Видеото на татко и син што танцуваат заедно за да прослават 11 месеци без карцином кој е дијагностициран на 2-годишниот Кристијан Томас, со Даунов синдром, ја воодушевил јавноста.
Видеото станало вирално за многу кратко време, затоа што никој не можел да остане рамнодушен кон емоциите и среќата на таткото и синот.
На Кристијан му беше дијагностицирана леукемија во јуни 2018 година, по што бил подложен на хемотерапија. Неговиот посветен татко, Кени, бил решен да го забавува својот син во текот на целата борба, па додека Кристијан бил во болница, татко му танцувал за него.


На малечкиот во ноември 2018 година му било кажано дека повеќе нема карцином, па токму затоа овој октомври семејството слави 11. месеци добро здравје танцувајќи со песната на раперот Лил Маме.
Кени, кореограф и сопственик на танцово студио, ја споделил својата и кореографијата на Кристијан на Инстаграм.
„Хемија на татко и син … 11 месеци без карцином!!! Ако можеме ние, можете и вие! Живеј слободно! Фрлете срце за вибрации на добрите вибрации татко-син!“, напишал Кени.
Емотивното видео има собрано над 20.000 прегледи и се споделува на интернет, а многумина му се заблагодариле на таткото што им го разубавил денот.
Како што вели Кени, видеото е за сите на кои им треба малку позитивност во животот.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …