(ВИДЕО) ИЛУЗИЈА КОЈА ГО ЗАЛУДЕЛА ИНТЕРНЕТ! Погледнете што се случува ако 20. секунди ја гледате оваа слика!

Оптичката илузија од 1985. година, која покажува како далтонистите ги гледаат боите, почна да се споделува на социјалните мрежи.
Тоа е илузија што го прикажува британското знаме во жолто-зелена комбинација на бои, со црна точка во центарот на сликата. Објаснува како треба, 20. секунди, да се гледа во таа точка.
По 20. секунди, сликата исчезнува, но после тоа, на повеќето луѓе им се чини дека британското знаме се појавило на бела позадина во неговите традиционални бои – црвена, сина и бела.
Оптичката илузија се објаснува со едноставна теорија на три рецептори. Според оваа теорија, човечката мрежница содржи три рецептори на бои, наречени конусни клетки, кои апсорбираат различни бои од спектарот.


Кога долго време гледаме зелена боја, сино-зелените рецептори се уморуваат и реагираат помалку од вообичаено на белиот екран, но црвените рецептори, кои не беа во употреба, реагираат нормално.
Затоа, се чини дека по 20. секунди гледаме црвено на бела позадина. Во исто време, жолтиот дел од сликата ги заморува рецепторите за црвена и зелена боја, па по 20 секунди ни останува сина боја.
Кога сликата исчезнува, односно останува белата позадина, само рецепторите во сина боја работат нормално, што доведува до тоа да биде доминантна боја што ја набљудуваме.
Оваа илузија покажува како далтонистите, чии рецептори се помалку чувствителни на една од овие три бои, можеле да ги видат боите, но се забележува дека не можеме да знаеме со сигурност како тие навистина ги перципираат.
Илузијата беше објавена уште во 1985 година, а БиБиСи сега ја објави за прв пат на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин/Twitter


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …