(ВИДЕО) И’ вие можете да учествувате во пласманот на Мина на Јуниор Евровизија: Еве како да ја поддржите со Вашиот глас!

Вчера веќе пишувавме дека и Вие со својот глас можете да учествувате во пласманот на Мина на Јуниор Евровизија во Тбилиси – со искористување на интернет и еден бесплатен клик.
На 26. ноември (недела), во главниот град на Грузија ќе се одржи јубилејното, 15. по ред издание на детската „Евровизија“.
Меѓу 16-.те земји учеснички е и Македонија. Наша претставничка годинава е талентираната Мина Блажев, која ќе се натпреварува со песната „Dancing through life“.
Таа на сцената ќе биде сосема сама, без придружни вокали и танчери, така што целото внимание ќе биде насочено кон неа, а Мина ќе ја видиме под реден број 8., односно осма по ред.
Публиката има можност да започне да гласа уште од вчера (како што веќе пишувавме), 24 ноември, притоа секој може да даде глас за 3, 4 или 5 земји, вклучувајќи ја и својата, што значи задолжително гласајте за реден број 8 и нашата Мина… останатите гласови се Ваша желба!Но, и не мора да ги искористите, па така нема да гласате за можните конкуренти.
Ова гласање се одвива на официјалната веб-страница на фестивалот и ќе заврши точно пред неговиот почетокот, а по завршувањето на изведбата на сите учесници ќе биде повторно отворено за период од 15. минути.
Резултатите од публиката ќе сочинуваат 50 проценти. од крајниот резултат, а останатата половина ќе ја одредат стручните жирија од сите земји учеснички. Сето тоа претворено во поени ќе го одреди победникот на годинешнава.
И’ ова, 15. издание на детската „Евровизија“ ќе биде пренесувано во живо на првиот канал на МРТ, в недела, 26 ноември, со почеток од 16.00 часот.
И НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ: Оваа година за прв пат ќе можете да гласате и за сопствената земја. Поддржете ја Мина и Македонија со Вашиот глас. Како? За начинот на гласање дознајте повеќе од приложеното видео.


Јуниорски евросонг 2017

Оваа година за прв пат ќе можете да гласате и за сопствената земја. Поддржете ја Мина и Македонија со вашиот глас. За начинот на гласање дознајте повеќе од приложеното видео.


Posted by МРТ1 Промо on Mittwoch, 22. November 2017

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …