(ВИДЕО+ФОТО) Спилберг смета дека е време Индијана Џонс да го глуми жена!

Во текот на недамнешното интервју за The Sun, во кој го претставувал својот нов филм „Ready Player One“, режисерот Стивен Спилберг се допрел до омилената франшиза за најпознатиот археолог Индијана Џонс. Режисерот смета дека е време Инди да тргне во најголемата авантура и да стане жена!
Режисерот е свесен дека изборот на глумица за улогата која го прослави Харисон Форд на некои фанови нема да им се допадне, но смета дека е време популарниот истражувач да преземе „поинаков облик“.
Снимањето на петтиот дел од франшизата започнува во април наредната година, а излегувањето се очекува во мај 2020.
Спилберг во разговорот рекол и’ дека најверојатно тоа ќе биде последен филм за Индијана Џонс со Харисон Форд во главната улога.
Сигурен е дека франшизата ќе продолжи без него, само е прашање кој ќе ги преземе шеширот и бичот.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …