(ВИДЕО+ФОТО) ПОГЛЕДНЕТЕ КАКО НОЛЕ ЈА ИСПРАТИ ПУБЛИКАТА НА СПИЕЊЕ: „Не можете да ме допрете!“

Новак Ѓоковиќ и Холгер Руне се сретнаа во осминафиналето на Вимблдон, а тој дуел имаше една не баш спортска сцена создадена од публиката, на која Ноле посебно се осврна во својот говор од самиот Централен терен.
Да потсетиме, Новак Ѓоковиќ по еден многу интересен дуел го совлада Холгер Руне, по што најпрвин на вообичаен начин ги сумираше впечатоците:
– Многу сум задоволен. Мислам дека беше далеку од своите најдобри игри. Ги загуби првите 12 поени, па мораше да потроши време за да се „врати“ во мечот. Што се однесува до мене, мислам дека направив се на вистински начин. Имав брејк точка со која се соочив на крајот од вториот сет, но тоа беше многу солидно издание и среќен сум што мечот го завршив во три сета“, рече Ноле.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Tennis TV (@tennistv)


Потоа беше прашан за „врската со публиката“, која многу грубо викаше („Р)уууу“ на крајот од вториот сет, а во текот на третиот, наводно, го охрабрувала Руне, но всушност му го одвлекувала вниманието на Новак. Тој одговори имитирајќи го звукот што го создаваат тие фанови:
– До сите оние кои беа имаат почит и кои останаа вечерва, имам само голема почит од се срце. А за сите оние кои избраа да не ги почитуваат играчите, во овој случај мене, ви посакувам „добра ноќ“. „Gooooood night! Goood night!“, Ви посакувам многу добра ноќ!


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wimbledon (@wimbledon)

Откако водителот се обиде да ја врати ситуацијата на вистинскиот пат, велејќи „Се надевам дека само го коментираа Руне и не беа груби кон тебе“, Ноле одмавна со главата.
– Не, не го прифаќам тоа. Беше непочитување! Знам дека навиваа за Руне, но тоа не е изговор да ми викаат „буууу“. На АТП турнејата сум повеќе од 20 години, ги знам сите трикови, знам како се однесуваат луѓето. Фокусиран сум на оние кои дојдоа да гледаат тенис, кои ги почитуваат играчите, кои платиле билет за да го гледаат натпреварот и кои го сакаат тенисот. Верувајте, имам играно во многу понепријателска атмосфера, не можете да ме допрете! – Ги замолкна Новак гордите Англичани.

Еве видео како изгледаше тој дел од говорот:

На крајот се осврна на неговата здравствена состојба.
– Јас се чуствувам добро. Одам од ден до ден. Секој пат кога не играм пробувам со нешто ново… Одиме полека, но добро.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Wimbledon (@wimbledon)

Фoтo: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Јас сум ДОКТОРКА и не би ја јадела оваа храна ни во лудило затоа што сакам да бидам ЗДРАВА“: Последната храна на црната листа ги ШОКИРАЛА сите

Докторката Џесика Кис од Калифорнија, која е специјализирана за семејна медицина, издвоила пет јадења, односно …