(ВИДЕО+ФОТО) Од четврток стартува националната „1ТВ“: Откриваме што се’ ќе можете да гледате!

Борјан Јовановски, на нему својствен начин, реши да ги урне сите предрасуди околу новата национална телевизија „1ТВ“…
Уште со првичната најава дека македонскиот етер ќе добие уште една национална телевизија внесе „немир“ и’ кај луѓето од тв куќите но и кај тв консументите, иако на „располагање“ веќе имаат повеќе национални тв како и бројните канали преку кабелските или сателитски оператори…
Она што досега се најавуваше беше дека тоа ќе биде интернет тв, за да потоа се обелодени дека станува збор за класична телевизија која ќе може да се следи преку тв приемниците.
Борјан Јовановски, на нему својствен начин, реши да ги урне сите предрасуди околу новата национална телевизија „1ТВ“…
Веќе беше познато дека главен дел од екипата чинат нам добро познати лица од поранешната „А1ТВ“, но што ќе подготвуват…
На пладне (12:00) ќе се емитува “Пулсот на градот” со Петар Цветковски кој ќе го следи пулсот на градот,со сите уабвини но и проблеми, секој работен ден во живо.
Секој ден од 17. до 19. часот – „Студио 1“ – отворено со гледачите за политика,социјала, но и шоу бизнис, култура ,мода,за сите настани и проблеми низ кои ќе не води тимот составен од Влатко Чавловски, Христијан Стојчевски, Жарко Димоски, Наташа Мешковска, Тијана Дапчевиќ…
Гордана Дувњак во „Правда и неправда“ ќе се обиде да одговори на прашањата – зошто правда и неправда водејќи не низ судските лавиринти кои за некого завршуваат со правична одлука а за некого има само неправда.
Анета Кочишки секој понеделник ќе ја води емисијата „Лица“ – подиум без маски, а бившиот уредник на А1, Ацо Кабранов ќе го води „Уредничкиот брифинг“ – спин и контра спин, аргументи и факти, вистина наместо шпекулации.

Се’ друго што подготвиле од „1ТВ“ како и конечната концепција на телевизијата ќе ја дознаеме наскоро бидејќи очекувањата од овој нов медиум се големи а тие очигледно не сакаат се да откријат пред време…
Погледнете ја најавата на 1ТВ


1tv.mk


Добро познати и афирмирани, но и нови ТВ лица се дел од нашиот тим! Од 29 март бидете со нас! 1ТВ станува нова национална телевизија!

Posted by 1tv.mk on Mittwoch, 21. März 2018


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …