(ВИДЕО+ФОТО) На 18 септември стартува „На терапија“: Еве зошто не смеете да ја пропуштите новата македонска серијата?

„На терапија“, првата македонска серија снимена според странска лиценца, започнува со емитување на 18.ти септември на „ТВ Сител“, во 22:20 часот. За серијата веќе пишувавме, но вреди да се погледне и трејлерот.
„Да знаат пациентите што се’ ми поминува низ глава, веројатно ниту еден не би се вратил кај мене никогаш“ е скокотливата реплика на Никола Ристановски и неговиот карактер Д-р Терзиев со која започнува долгоочекуваниот трејлер за новата македонска серија „На терапија“.
Двеминутниот трејлер дефинитивно зборува многу за четириесет и петте епизоди кои следуваат. Широкиот дијапазон на емоции, напнатоста и „заразната“ тензија без дилема ќе го разбудат секое чувство освен рамнодушноста. Се чини дека во меланхоличната соба во која се одвиваат сесиите на Д-р Терзиев и неговите пациенти, најсветлата точка е неговата лава лампа, а најмирно пливаат рибите во аквариумот.


Зошто не смеете да ја пропуштите серијата „На терапија“?
1. Маестрално одбрана македонска актерска екипа која се истакнува со врвна изведба на комплексните карактери и нивните предизвикувачки животни приказни.
2. Нецензуриран приказ на личните проблеми преку кој се отсликува секојдневниот живот во Македонија и колективните потешкотии со кои се соочуваат луѓето овде.
3. Посветеност на детали, гестикулации обработени до перфекција, неочекувани пресврти и напнати моменти кои ја засилуваат тензијата и создаваат „заразна“ драма која целосно го задржува вниманието.
4. Поглед во најдлабоките тајни и најскриените мисли и на пациентите и на психотерапевтите, кои целосно ја откриваат човековата психа и шокираат со својата искреност.
5. Ликови во кои секој може да се препознае, приказни со кои секој може да се поистовети, корисни совети, животни лекции и можност да се учи на туѓите грешки.
6. Уникатна можност да се запознаат истите ликови на социјалните мрежи (Милена, Владо, Ивана, Зана и Гент)
7. Висококвалитетен ТВ производ на продукциски искусен тим со портфолио кое ги опфаќа македонските класици како „Збогум на 20-тиот век“, „Бал-кан-кан“, „Трето полувреме“ и многу други.
8. Особено е внимавано на автентичноста на говорот и дијалектот со цел да се доближи серијата до публиката.
9. Оригинална музика напишана од Дино и Ади Имери, еден од најбараните авангардни музичари во Македонија.
10. Никола Ристановски.
Значи, 18 септември, 22:20 часот, ТВ Сител. Зачувајте го терминот во вашиот
потсетник.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …