(ВИДЕО+ФОТО) Кирк Даглас тренира и на 101. година!

Легендата на златното време на Холивуд, Кирк Даглас (101) и понатаму секојдневно вежба со неговиот личен тренер,за да телото му биде здраво, а зглобовите подвижни.
Неговиот син Мајкл Даглас (73) тоа го изјавил во Лондон, гостувајќи во една ТВ емисија: „Тато и понатаму има тренер. На 101. година тој вежба со тренер“.


Додал и дека Кирк го открил „fejs tajm” (на соговорниците им овозможува додека разговараат на мобилен телефон да се видат), па кога ќе оди во ресторан или на друго место, на татко му му ја покажува просторијата и лицата во неа, или пак поглед низ прозорец.


Инаку, Кирк Даглас оваа година се појави во улога на презентер, на доделуавњето на „Златен глобус“ заедно со својата снаа Кетрин Зита Џонс.


„Го обожува тоа“, тврди Мајкл, зад кого е половина век кариера.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …