Документарецот за Пол Вокер, глумецот од „Пеколни улици“ премиерно ќе биде прикажан на 8. август во Америка.
Вокер почина пред пет години во сообраќајна несреќа, а филмот за неговиот живот и кариера се вика “Јас сум Пол Вокер”. Остварувањето го режирал Едриен Баутхаус, а ќе ги вклучува и добротворните иницијативи на Вокер и други детали кои јавноста не ги знаела се’ до неговата смрт.
Баутхаус е познат по документарни филмови за познати личности меѓу кои се Мухамед Али, Џон Ф. Кенеди Јуниор и Хит Леџер.
Вокер беше во седиштето на совозач кога неговиот пријател Роџер Родас
ја загубил контролата над автомобилот Porsche Carrera GT од 2005. година, и удрил во бандери и’ се запали. Двајцата починале на лице место.
Вокер е роден во близина на Лос Ангелес на 12. септември 1973. година. Со 12. години започнал да снима детски ТВ-емисии. На филмот дебитирал во 1987. година во хорор комедија “Чудовиште во плакарот”, но дури во 1998. година ја добил улогата што му донела слава – „Meet the Deedles”.
На Вокер глобалната слава му донесе улогата во акциониот филм “Пеколни улици” во која игра заедно со Вин Дизел. Познат е и по улогите во филмовите „Joy Ride”, „Into the Blue”, „Timeline” и во остварувањето на Клинт Иствуд „Flags of Our Fathers”.
Вин Дизел, по неговата смрт, напишал: “Небото доби нов ангел,одморај во мир, пријателе,, а Дејв Џонсон порачал: „Ја испраќам мојата љубов и сила
на неговото семејство, а силата ќе ја најдеме во неговото светло”.
Пол Вокер починал додека го снимал седмиот дел од „Пеколни улици”. Неговите браќа го замениле Вокер во некои сцени,а песната од филмот е му е посветена нему.