(ВИДЕО+ ФОТО Галерија) САМОУНИШТУВАЊЕ – Северна Македонија стаса до светскиот печат: Мајстори за горење гуми и создавање загадување – казните не ги интересираат!

Загадувањето во нашата земја стаса до светкиот печат. Можеби како слика за фактичката состојба во Македонија или како предупредување пред претстојната зимска сезона кога повеќе внимание се обрнува на оваа состојба…Но, медиумите, барем во светот, осликуваат за состојби во нашата убава но загадена земја…


„Честит 8 септември од Костурино, каде два камиони гуми за тура од 48 часа се горат за правење вар. Комшиите Зоран, 35. г. и Мане, 17. г. не ги секира токсичноста од горењето на гуми.Дедо му на Мане ете горел гуми и доживеал 85 г. Доказ дека не било штетно. Не ги интересира загадувањето, впрочем никој не се пожалил. Не ги секираат ни казните од €300 ако инспекција им дојде, зошто ретко доаѓала, а и заработуваат €400 по тура.


Држава која оставила во мрак генерации за штетноста на многу процеси, каде и горењето на гуми, отпад, која законот сопствен не си го почитува и спроведува и која не создала здрави алтернативи за своите граѓани да може да живеат и работат во оваа зацрнета земја, не ни е јасно што има да празнува. Парастос повеќе има смисла“, напишаа вчера од „О2 Иницијатива“ и не потсетија на големите загадувања во нашата убава земја.


Извор: ard-wien.de

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Концерт на студентите на Музичка Академија на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип денес во Аудиокултура

Денес во Аудиокултура со почеток во 12:30 часот ќе може да го проследите концертот на …