(ВИДЕО+ФОТО) Доделени наградите „ЕМИ“: „Игра на тронови” и „Прекрасната г-ѓа Мајсел” со најмногу трофеи

Ова е првпат во 18. години ХБО како ТВ куќа да нема најмногу номинации – останале ан 108,а со 112. ги надминал „Нетфликс“…
Серијата „Игра на тронови” на американската кабелска телевизија ХБО (HBO) беше удостоена со наградата Еми за најдобра драмска серија на 70.тата церемонија за наградите Еми,што се одржа синоќа во театарот „Мајкрософт” во Лос Анџелес.
По третпат, „Игра на тронови” ја доби наградата Еми во оваа категорија. Наградата се смета за еквивалент на Оскарите. За оваа категорија имаше вкупно 22. номинации. „Игра на тронови” ги победи сериите „Американци”, „Круна”, „Приказната на слугинката”, „Почудни нешта”, „Западен свет” и „Тоа сме ние”.


Во категоријата за најдобар комичен серијал наградата ја однесе „Прекрасната г-ѓа Мајсел“ на Амазон – приказна за еврејска сопруга, изневерена и оставена од сопругот, кој започнува нов живот и предизвикува скандал. Серијата ги победи во трката комичните серии: „Атланта”, „Бери” „Блекиш” (Black-ish“), „Силиконската долина”, „Нескршливата Кими Шмит”.
Во категоријата за најдобар минисеријал победи продукцијата на каналот Еф Екс „Убиството на Џани Версаче”.


Британската актерка Клер Фој ја доби наградата Еми за најдобра актерка во драмска серија за улогата на младата кралица Елизабета Втора во серијата „Круна”.


Британскиот актер Метју Рис беше награден со „Еми” за најдобар актер во драмската серија „Американци”.
Танди Њутн доби Еми за најдобра актерка во споредна улога во драмска серија „Западен свет”. Наградата „Еми” за најдобра споредна машка улога во драмска серија му беше доделена на Питер Динклиџ за неговата улога во „Игра на тронови”.

За најдобра актерка во комедија беше прогласена Рејчел Броснан за „Прекрасната г-ѓа Мајсел“. За најдобар актер во комедија беше прогласен Бил Хадер за улогата во „Бери“. Хенри Винклер доби наградата за најдобар актер во споредна улога во комичниот серијал „Бери”. Алекс Борштајн ја доби наградата за најдобра споредна улога во комедијата серија за „Прекрасната г-ѓа Мајсел“.
За минисерија за најдобар актер е прогласен Дарен Крис за „Убиството на Џани Версаче”, а за најдобра актерка Реџина Кинг за „Седум секунди”. За споредни улоги наградени беа Џеф Даниелс и Мерит Вивер за минисеријата „Заборавени од богот”.

За режија на драмска серија беше одликуван Стивен Долдри за „Круна”, а за комичен серијал Ејми Шерман – Паладино за „Прекрасната г-ѓа Мајсел“.
Тоа беа 70-тите награди Еми, врачена од страна на Академијата за филмски уметности и науки.

Видео од петте најинтересни моменти:

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …