(ВИДЕО) ФАСЦИНАНТНО -Неверојатна снимка од доење со термална камера: Го гледате ли срцето?

Еден татко направил единствено видео кое ја прикажува топлината која настанува во градите на неговата сопруга додека го дои бебето.
Патрик Бибитс со термална камера снимил кусо видео на кое ја прикажува топлината која настанува во градите на неговата сопруга Стефани додека ја дои нивната ќерка.
Тој, инаку, оваа камера ја користи во деловни цели, а со оглед на тоа дека за роденден добил нова, решил да ја испроба на се.
„Ја усмери камерата кон мене и забележа неверојатен момент во кој се гледа топлина таму каде што минува млекото“, раскажала Стефани, а видеото на Патрик на интернет бргу станало вирално.
„Во текот на доењето температурата на градите може да се зголеми за отприлика два целзиусови степени“, објаснила консултантката за доење Тара Кели Хаман.


"My husband got this heat signature camera for work and was looking around the house with it…..when he pointed it at us while nursing it showed white hot where the milk is coming out. It’s super cool! When you look at a flame the hottest part is actually white, makes sense!"Video credit- Stephanie Tibbits‎


Gepostet von Breastfeeding Mama Talk am Freitag, 29. März 2019

Таа предупредила и дека телесната температура од 38,3 степени или повеќе од дојките кои се топли на допир, може да упатуваат на маститис или воспалување на дојките кое се јавува за време на доење, а кое ако не се лекува може да доведе до сериозни воспалувања на ткивото на дојката кај која е потребна хируршка дренажа.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ексклузивен концерт на Каролина Гочева во Велес

Во склоп на концертите по повод ,,Први Март” во Македонија, Каролина ќе одржи ексклузивен концерт …