Во текот на ноќта еруптираше највисокиот европски вулкан, Етна на Сицилија, кој исфрли пепел и лава високи и до 100 метри.
Активноста на вулканот на неговиот југоисточен кратер е регистрирана во неделата во 21.20 часот, а за еден час и половина, интензитетот на експлозиите се засилил од среден до многу голем.
Советодавниот центар за вулканска пепел од Тулуз објавил дека од кратерот излегуваат фонтани со лава високи и до 100 метри, а дека густата пепел летала високо до пет километри, а пепелта паднала врз селата и градовите јужно од вулканот.
Исто така, било соопштено дека звуците од вулканот се слушале дури до Калабрија, како и дека е регистриран земјотрес со јачина од 2,7 степени на падините на планината Етна, но не е познато со што е поврзан.
Фото: Принтскрин