(ВИДЕО) Емотивна средба што ќе ви измами солзи: Проштевање на миленик и сопственичка!

За жал, на возраст од 77, и бил откриен неизлечив рак. На нејзината смртна постела, таа имала само една желба: уште еднаш да го види својот сакан коњ Бронвен.
Здравјето на Шила се влошувало секој ден, а нејзината ќерка Тина Марш се обратила за помош на болничкиот персонал во Виган, каде што лежела нејзината мајка.Лекарите одговориле потврдно и рекле дека можат да ја помогнат да се оствари последната желба на жената на умирање.
Болничарите на носила ја изнеле Шила на паркингот, каде поранешната инструкторка ја чекале сите нејзини омилени коњи. Се разбира, Бронвен бил меѓу нив.
Кога Бронвен и’ се приближил, Шила била на „седмо небо”. Со последните сили, таа го шепнала името на коњот, а Бронвен го допрел носот до нејзиниот образ.Нејзината ќерка Тина коментирала:
“Мама многу зборуваше на нејзиниот последен ден, но таа јасно го нарече Бронвен по име и побара од него да ја бакне”.
Бронвен се наведнал и нежно ја бакнал Шила простувајќи се од неа.
Гледајќи ја оваа емотивна сцена Тина не можела да ги задржи солзите.
„Плачев а и сите медицински сестри исто така плачеа. Таа доби утеха, тоа беше прекрасен момент! Имаше посебен однос со Бронвен. Таа се грижеше за него 18. или 19. години, од кога беше 7. Таа го допре, тоа беше многу важно”.
Зачудувачки е колку силни чувства се случуваат меѓу живите суштества. Се чини дека живееме поради оние кои се во нашето срце и оваа блискост на душата не познава граници. Очигледно Шила немала начин да си замине, без да се збогува со својот миленик.
Погледнете ја нивната емотивна средба:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …