(ВИДЕО) Ефтин колач со кокос

Овој колач е превкусен, бргу се подготвува. Тоа е колач кој не бара ниту посебни состојки а многу излегува.
Тесто:
200 г брашно
2 лажици какао
100 г шеќер
2 јајца
100 мл масло
100 мл млеко
1 кесичка прашок за печиво
Фил:
1 литар млеко
5 лажици шеќер
7 лажици гриз
200 г кокосово брашно
Подготовка:прво сварете го филот: млекото ставете го да зоврие, додајте ги шеќерот, гризот па варете додека смесата не се згусти.Тргнете го садот од рингла и додајте ги кокосовото брашно. Убаво измешајте.
Тесто: изматете ги јајцата со шеќерот, додајте масло, млеко, брашно и печиво.Убаво измешајте.
Половина од смесата истурете во тава покриена со хартија за печење. Ставете во рерна загреана на 180. степени и печете неколку минути, додека тестото добие коричка. Извадете ја тавата, нанесете го филот, израмнете и додајте ја останатата смеса за тестото. Сето тоа вратете го во рерна и печете додека колачот не биде испечен.
Изладениот колач украсете го и исечете по желба. Иако се изгледа како тесто, колачот е сочен и со необичен вкус.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …