(ВИДЕО) Дру Баримор го покажала хаосот во својата соба, фановите воодушени: „Благодарам што си реална“

Американската актерка Дру Баримор објави видео во кое покажа како изгледа нејзината спална соба пред и по чистењето. „Покажи ми ја твојата соба пред и откако ќе ја исчистиш. Прва започнувам“, рекла таа.

Ја покажала својата спална соба
На почетокот на видеото се гледаат книги и хартии расфрлани низ целата соба, неуредна бања и гардероба од која се ѕирка облека, но на крајот од видеото Дру покажува како сè исчистила. Додека го снимала ова видео, Дру била во обична, домашна облека и немала ниту малку шминка.


@drewbarrymore

Show me your room before and after you clean it… I’ll go first!


♬ original sound – Drew Barrymore


Фановите се воодушевени
Видеото е објавено на ТикТок и собралоо 1,5 милиони прегледи. Нејзините обожаватели се воодушевени што Дру ја покажала оваа страна на себе.

„Дали тоа нејзината куќа изгледа како како нормална куќа? Не како куќа, туку како дом. Поради ова ја сакам уште повеќе, „Таа е исто како нас “, „Беше ден кога започна, ноиќ кога заврши, па знам дека таа сама средила“, „Ми се допаѓа што нејзиниот дом изгледа како дом, не како уметничка изложба“, „Ви благодарам што ни ја покажавте својата реалност“, се некои од коментарите под видеото.

Фото: Принтскрин/TikTok

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …