(ВИДЕО) Дрога, бес или „глупост“:Се појавила снимка на која славниот пејач ја дави својата девојка!

Во јавност се појавила снимка од камера за видео надзор, каде што гледаме дека Лиам Галагер, поранешен пејач на „Оасис“, физички ја напаѓаа и ја гуши девојката Деби Гвитер.
За настанот проговорил Макс Ксизек, шеф на обезбедувањето во лондонскиот хотел „Chiltern Firehouse“, кој бил присутен на целата сцена.
“Келнерот ми кажа дека Лиам физички ја нападнал. Кога се симнав по скалите, видов како ја грабнува за грлото. Отидов во ходникот и го викав по име, по што ја пушти а јас го однесов во дворот. Ми рече дека ’оваа вештерка е виновна за сè’, постојано повторуваше тој”, изјавил Макс за „The Sun”.


Додал и дека таа била многу шокирана и загрижена за нејзината безбедност.
“Сета беше во солзи и се тресеше. Не стануваше збор за пијана шега, мислам дека на видеото е јасно што се случило. Фактот што тоа се случи на јавно место ме поттикна да се запрашам што се случува зад затворени врати.Се однесуваше како животно, тој беше ужасно агресивен. Не покажа никакво каење ниту пак праша дали е добра”, открил.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …