(ВИДЕО) ДНК и Таско го претставија новиот сингл „Лава“

„Лава“ е насловот на новиот сингл на ДНК и Таско, соработка потпишана од Панчо, Лазар Цветкоски и Таско. Имено, музиката е заедничко дело на Панчо, Лазе и Таско, текстот е со потписот на Панчо и Таско, битот е на Hyper & Boksa, кои заедно со Лазе стојат и зад аранжманот, а токму во неговото студио и е снимена, мастеризирана и продуцирана темата.
Веќе стандардно песната излегува во исто време со спот за кој овојпат се погрижија Страхиња и Лео, malosamo & L. Firstner, едни од најбараните момци од соседството кога се во прашање музичките спотови. Видеото е снимано во Studio DVD PLUS/Дизајн на сценска техника.
Во кадрите освен момците се појавува и Миа Гирауд, девојката од филмот „Сестри“, првиот македонски филм што оди на Нетфликс, чие тело благодарение на вештите раце на Bijan Kovski е претворено во вистинско ремек-дело. Во дел од видеото, кое ако се суди според фотографиите навистина ќе биде празник за очите, особено за машката публика, ја има и поранешната водителка Мелита Ракиќевиќ, која после подолго време во „жежок“ стил се враќа на малите екрани, како и Зорица Антиќ, Lоw Z една од најдобрите тверкерки на Балканот и моделите Ангела Грамосли и Јања Станојевиќ.
Направивме одлична соработка со Таско. Имаме супер звук и уникатно видео. Типуваме на „Лава“ и веруваме дека ќе предизвика вистинска ерупција кај нашата публика, велат Панчо и Андреј.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Среќен роденден Каролина Гочева !!!

Каролина Гочева е родена на 28 април 1980 година во Битола. Таа е позната македонска …