(ВИДЕО) Дина Јашари ја претстави новата песна „Досада”


Дина Јашари деновиве ја промовира својата нова песна ,,Досада”. Целокупен автор на песната е Дина, аранжманот го направија заедно со Драги Иванов кој исто така стои зад миксот.

Досада има и свој видеозапис режиран од Борјан Стојков, снимен од Мирослав Илиќ, монтажата и продукцијата се на Давид Николовски во соработка со Пирка АВХ. Главната улога во спотот (покрај Дина) ја игра Лазар Христов, а за момент се појавува и Лука Тошев. Стајлингот е на Сара Стојчевска, во соработка со Игралиште и Cactus Design.


This image has an empty alt attribute; its file name is dina-jasari.jpg

,,Песната е направена помеѓу тие четири ѕидови каде што бев приморана да бидам, во мојата соба, во досада, во времето што застана и мислевме дека никогаш нема да се врати во нормала. Како што се гледа во видеото, правењето музика го користев како начин за убивање досада.”


Фото: Приватна архива


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) ВЕЖБАЛА ДО ИСЦРПЕНОСТ, ПЕШАЧЕЛА СО КИЛОМЕТРИ, ЕДВАЈ ЈАДЕЛА: Прогласена е за најубава жена на 62 години, но поради едно нешто, многумина „ја замразиле“

Деми Мур неодамна беше прогласена за најубава жена на светот, а таа открила колку нејзиниот …