Американскиот фитнес модел Сиднеј Херера стана апсолутен хит на социјалните мрежи откако на својот TikTok профил објави видео на кое се гледа како се обидува да „улови“ риба со голи раце, поточно, користејќи необична мамка!
Имено, девојката зазела поза, легнала на пристаништето над езерото, а потоа земала хот-дог во рака, „ја ставила раката“ во водата и по неколку секунди се случи она што веројатно не го очекувала. Огромна риба ја фатила Сидни за рака и не ја пуштала.
Иако веруваме дека овие моменти изгледале како вечност на младиот фитнес модел, рибата набрзо попуштила и раката на Сидни останала во едно парче без видливи повреди.
Шокот на нејзиното лице и загрижениот поглед на нејзината рака кажуваат се! Погледнете и сами како изгледал овој необичен риболов и не пробувајте нешто слично!
@squiderrera hand feeding tarpin😮💨 tag a friend who would actually do this🤣 #fyp #fishing #tarpin #florida #foryoupage ♬ original sound – Sofiaaa
Фото: Принтскрин/TikTok