(ВИДЕО) Данијела Мартиновиќ во „Еден на еден“: Првиот бакнеж ми беше со Бајага!

Секогаш насмеаната и весела Данијела Мартиновиќ, на што не навикна, ќе ја гледаме во „Еден на Еден“ кај Жаре, во недела, на Канал 5 од 18.30.
„Сите ме знаат како весела и зборлеста, и поради тоа не ме сфаќаат сериозно“, му рече хрватската поп-ѕвезда на Жаре и затоа се обиде да се претстави во едно поинкаво светло. Зборуваше за нејзините две авторски книги, за скокот со падобран, за тоа колку била срамежлива како дете и темпераментна како тинејџерка, за својата сегашна љубов Петар Грашо, и за својата прва љубов.


„Се срамев да одам до трафика само затоа што продавачот беше маж“, откри Данијела и раскажа за својот прв бакнеж, и тоа со Бајага. Но, не вистинскиот Бајага.
„Тогаш Бајага беше тотално ултра популарен. Имаше еден тип кој го викаа Бајага, беше ист Бајага, ама ист! Висок онака, згоден, убав. Јас ѝ велам на пријателката, ќе морам да си го фатам него! И јас си го фатив и се бакнав со Бајага“, му рече Данијела на Жаре.


За публиката во студио, таа испеа три нејзини песни во живо со Гуру Харе бенд, како генерална проба за скопскиот концерт на 14 февруари.
Во видеото подолу, погледнете една од приказните на Данијела:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 21 година без нашиот истакнат актер Кирил Ќортошев

Кирил Ќортошев е роден во Ќустендил на 14 февруари 1922 година. Тој беше истакнат македонски …