(ВИДЕО) Човек го лажирал сопственото киднапирање за да избегне одење на работа

Еден млад човек од Аризона се најде во неволја откако го лажирал сопственото киднапирање за да избегне да оди на работа.
Во петокот, на 10. февруари, во Кулиџ, полицијата добила дојава за маж кој лежи покрај патот со врзани раце зад грб. Испратен е полициски автомобил кој наскоро пријавил дека навистина нашле еден млад човек кој изгледал како да бил врзан и оставен покрај патот.
„Жртвата“ е идентификувана како Брендон Соулс, 19-годишник, кој и рекол на полицијата дека бил киднапиран од две маскирани лица. Според него, тие го удриле во главата, по што тој се онесвестил и се разбудил таму каде што го пронашла полицијата. Само што, тоа не било точно, пренесува Oddity Central.
Полицијата известила дека била спроведена темелна истрага и биле пронајдени докази дека неговата приказна е измислена и дека немало киднапирање или напад.


По испрашувањето, младиот човек конечно признал дека ја измислил приказната. Тој вели дека очајно сакал да избегне одење на работа, па решил да го лажира сопственото киднапирање. Тој го турна стутканото марамче во устата, а потоа ги врза рацете зад грбот со кожен ремен. Излегол на земја покрај патот каде што некој можеле да го видат и чекал полицијата да го „спаси“.
На 17. февруари, Соулс бил уапсен за лажни пријави во полиција. Потоа добил и отказ од компанијата за гуми каде што работел.

(ФОТО) Скриншот/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утрешен хороскоп за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 28.04.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: На Овенот им претстои релаксиран ден, да го поминат на начин кој им …