(ВИДЕО) БУРЕК ВО ТАВЧЕ: Се прави од готови кори, готово за 20 минути и нема да ви треба рерна!

Бурекот може да се пече и во тавче за 20 минути. Сè што треба да направите е да ги следите овие упатства
Потребно е:
350 грама кора за пита
400 грама спанаќ
300 грама сирење
3 јајца
1/2 прашок за пециво
100-150 мл. јогурт
100 мл. минерална вода
100 мл. масло
Посолете по ваш вкус.
Се пече во тавче премачкано со масло или путер на средна температура/10 минути од една и 10 минути на другата страна.
Подготовка: Направете фил од сирење, спанаќ, јајца, јогурт и масло. Додадете ги зачините. Потоа наредете ред кора, ред фил додека да останете без материјал. После тоа, покријте ја питата и печете ја 10 минути од едната и 10 минути од другата страна.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …