(ВИДЕО) Били Ајлиш, во новото видео, шета сама низ празниот трговски центар

Тинејџерската sвезда Били Ајлиш штотуку го објави спотот за песната Therefore I am, кој сама го осмислила и режирала.
На видеото, кое трае скоро 5. минути, пејачката шета низ трговскиот центар „Глендејл Галерија“, каде поминувала многу време како тинејџерка.
Поради пандемијата на корона вирусот, центарот е затворен и изгледа повеќе од морбиден, но Били сепак добро се забавувала.
Таа по прв пат ќе ја изведе песната во живо на Американските музички награди, што ќе се одржт на 22 ноември. Таа е номинирана за две награди на настанот.
Иако оваа година требаше да ја помине на турнеја, мораше да ја откаже поради пандемијата на вирусот корона. Годинава, таа го објави само синглот My Future.
Слушнете и погледнете го Therefore I Am.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …