(ВИДЕО) „Балкан бенд“ со видео за „Стари песни, стари другари“!

Енергијата, правецот по кој се движат и дефинитивно целосната посветеност и љубов кон македонската музика ги издвои момците од „Балкан бенд“, веќе втора година по ред, од сите останати бендови и музичари кај нас. За толку краток период, зад себе имаат неколку авторски песни, спотови и големи планови за албум следната година…
„Стари песни, стари другари“ е насловот на новитетот, кој го промовираат заедно со спот, односно целосен пакет, кој е уште еден показател за тоа колку ја почитуваат својата публика.
Музиката, аранжманот и тексот ги доверија на тимот од чие што музичко студио излегуваат најголемите балкански хитови, двоецот Лазе и Магдалена Цветковски.
Познавачите на нашата музика, веќево новата поп песна на „Балкан бенд“ препознаваат нов летен хит, кој што „влегува“ во уво од прво слушање и не се ни сомневаат дека ќе остави свој белег ова лето 2018-то.
Спотот за песната го работеше „Веста продукција“.
Досега, „Балкан бенд“ позади себе има 5 авторски песни и три спота, вклучувајќи ја и последната. „Неверник“, „Зависен“, „Пелин и Мед“ и „Сам ме остави“ се првите четири хита на групата, која сериозно е посветена на создавање авторска музика, бидејќи според нивната девиза, само така квалитетот испливува на површина, а според сите коментари и прифатеност од страна на најголеиот критичар, публиката, токму таа го препознава тоа.
Септември е месец за новитети, бидејќи уште сега се најавува и новата, шеста авторска песна која ќе биде дуетска со Сузана Гавазова, за која исто така ќе се снима и спот.
Соработката со Лазе и Магдалена продолжува и кон крајот на оваа и почетокот на следната година, за кога се планира и промоција на новата песна, овој пат балада, која одговара и за тој период од годината, а ќе биде снимена и за нашиот, но и за српскиот пазар.
„Балкан бенд“ е една од ретките музички групи кај нас, што можете да ги видите секаде, од свадби, до дискотеките и ноќни клубови, а сето тоа се должи на репертоарот кој што го изведуваат овие момци. „Балкан бенд“ е составена од пет члена, Нико Сребров, клавијатура, Илија Наумовски, гитара, Бојан Дицовски, бас гитара, Александар Тасевски, вокал и Златко Анчевски, тапани.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …