Македонската пејачка Тамара Тодевска во саботата заедно со сопругот Александар и нивната ќерка Хана присуствуваа на свадба.
За оваа прилика, Тамара се одлучи за долга бело- розова тоалета во која го покаже трудничкото стомаче, а покрај нејзиниот сопруг изгледаше прекрасно.
Вистинска ѕвезда, по невестата, беше и малата Хана која беше облечена како принцеза, а на социјалните мрежи Тодевска се пофали со неколку фотографии.
Малата и шармантна Хана воодушевена од свадбената атмосфера трчаше низ целата салата и се радуваше како и сите други на среќата на младоженците.
фото: принскрин/инстаграм