(ВИДЕО) Арнолд Шварценегер го прифатил предизвикот на ОН и направил нешто што би требало сите!

После популарниот предизвик „Кофа со вода“ (Ice Bucket Challengea), на социјалните мрежи се појавил нов предизвик кој меѓу првите го прифатил Арнолд Шварценегер.
Станува збор за предизвикот Beat Plastic Pollution кој, под мотото:„Ако не можеш повторно да употребиш, одбиј“ кој го лансирале Обединетите нации по повод Светскиот ден на заштит на животната средина кој се одбележува на 5. јуни.
ЕУ забранува пластични ќеси, пластичен прибор за јадење, „цевки“ за пиење, стапчиња за уши…
Во проектот ги повикуват луѓето на отфрлување на еднократни пластични предмети и заедничка борба против загадувње на планетата со пластика.


Така Арнолд Шварценегер на својот Твитер профил објавил видео во кое крши пластична лажица, повикувајќи ги луѓето пластичните предмети да ги заменат со оние од други материјали.
Луѓето масовно ја споделуваат депресивната, но и’ генијална насловна на National Geographic.

„Досега користев плстични лажици, сега ќе ги заменам со метални“ рекол Арнолд кршејќи пластична лажица и додал.„Сите мораме да вложиме сериозен труд за да создадеме здрава животна средина, да ги исчистиме нашите океани и да ја спасиме планетата“.
Глумецот за предизвикот исто така го номинирал и Леонардо ДиКаприо кој е активист за заштита на животната средина.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …