(ВИДЕО) „Ај Кју“ со преобразба на „Јано Мори“

Ај Кју со „Јано Мори“ целат кон отворање на нова димензија во македонската музика

По неколкуте синглови со кои Ај Кју смело запливаа во меѓународните музички води како “Dancin”, “Love me hate me” и “Too late” на ред дојде една интересна преработка на песната „Јано мори“.


Дуото кое по настапот на Евровизија 2018 е многу активно низ Европа и Австралија поголемиот дел од оваа година го помина во Лондон работејќи на нов материјал и остварувајќи нови соработки. Бојан Трајковски и Марија Ивановска одлучија да ја изненадат македонската јавност со едно уникатно музичко остварување.


Тоа што е интересно е нивниот пристап кон трансформирање на еден ваков мелос во модерен и современ звук на кој тие заедно работеа со нивниот англиски ко-продуцент.

На оваа добро позната мелодија многу природно се надоврзува гласот на Марија кој со својата мекост и ненаметливост ѝ дава свежина на целата песна.


Главниот и одговорен иницијатор за оваа уникатна преобразба на „Јано Мори“, Бојан, совршено го вметнува својот печат преку неговото препознатливосвирењена гитарата и мелодиското развивање на самата песна.

За песната е изработен и видео спот во режија на Кристијан Шемко, кој одлично ја отсликува и визуелизира целата атмосфера на филмот кој го ткаат Бојан и Марија.

Се разбира, приказната за оваа песна на Ај Кју не застанува тука, подготвена е и верзија со англиски текст која ќе се промовира на меѓународниот пазар следниот месец.

 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …