Вечерва стартува „Андерфест“: Нова шанса за настапи на младите бендови!

Второто издание на долгоочекуваниот фестивал Андерфест ќе се одржи на 2. и 3. октомври во Јавна соба во Скопје.
Поради пандемијата Ковид 19, бројот на посетители ќе биде строго ограничен. Влезот останува бесплатен за сите оние кои сакаат да го следат настанот во живо, но ќе има мапи или билети за да може да се контролира бројот на посетители.
Организаторите замолуваат билетите да се резервираат на info@underfest.mk или со порака на нивната страница на Фејсбук – https://www.facebook.com/underfestfestival.
Настапите на двете вечери ќе бидат пренесувани во живо на социјалните мрежи, но и на Јутјуб на следниот ЛИНК. Сите посетители мораат да се придржуваат до мерките пропишани за одржување на јавни настани, односно ќе има задолжителна дезинфекција на влезот, задолжително носење заштитни маски и одржување на пропишаната физичка оддалеченост.
Поради актуелната ситуација со пандемијата од Ковид 19 своето учество од оправдани причини го откажаа Matej Foltz, Hood и The Chicks!
Подолу погледнете го распоредот на настапи за двете фестивалски вечери:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: на денешен ден не напушти нашиот истакнат вајар и академик Димо Тодоровски

Димо Тодоровски е роден во Солун на 11 декември 1910 година. Тој беше истакнат македонски …