Важни совети – Десет правила за прва посета на мајка и новороденче

Дали вашата сестра, роднина или пријателка штотуку се породила и едвај чекате да ја посетите? Сепак, пред да го направите тоа, разгледајте ги овие десет непишани правила.
Пред да ја посетите, добро е да размислите за неколку работи кои младите мајки често не ги кажуваат, но би сакале посетителите да ги знаат.

Секогаш јавете се пред да ја посетите
Малку шега, малку сериозно – ако не носите храна, никогаш не се појавувајте ненајавено.


Донесете храна
Новопечените мајки немаат многу време за подготовка на храна, па понудете им помош.

Измијте ги рацете
Кога ќе пристигнете во домот каде што се мајката и новороденчето, тргнете ја кесата на страна, ставете ја храната во фрижидер и темелно измијте ги рацете.


Не доаѓајте болни или со настинка
Ако сте болни или некој ваш близок е болен, не посетувајте мајка со новороденче.

Оставете ги децата дома
Во првите недели по породувањето на мајките им треба мир, па подобро е да дојдете сами.


Помогнете ѝ на мајката со нешто по дома
Помогнете без да прашувате – исчистете ја масата, измијте ги садовите, извадете го ѓубрето.

Не прашувајте дали можете да го држите бебето
Мајките се многу заштитнички, почекајте таа сама да ви го понуди бебето.

Прашајте ја како е
Лесно е да се заборави на уморната мајка во метежот и вревата на секојдневниот живот, но многу и значи кога ќе ја прашате како се чувствува.

Разговарајте и за други теми
Кога ќе станете мајка, се е насочено кон новороденчето. Исто така, освежувачки е да се слушне што се случува со пријателите.

Не останувајте премногу долго
Во првите денови и недели по породувањето, посетите нека се кратки – не подолги од 15 минути. Внимавајте на сигналите на мајката. Ако е уморна или има потреба од време за себе, тоа е знак дека е време да си заминете.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Река од подароци за Денот на жената во dm 

Денот на жената, 8 Март, е празник во кој ја славиме еманципацијата на жените и …