„АНОРА“ НАЈДОБАР ФИЛМ, А ДЕМИ МУР ОСТАНА БЕЗ НАГРАДА: Годинешните Оскари ги изненадија сите, а ова се најдобрите машки и женски улоги


Во театарот Долби во Лос Анџелес се одржа 97. церемонија на доделување на Оскарите, најпрестижните награди во седмата уметност.

Филмот „Анора“ доби Оскар за најдобар филм. Од шест номинации, филмот освои пет.


Мајки Медисон – Најдобра актерка
Иако Деми Мур важеше за фаворит во филмот „Супстанца“, ѕвездата на филмот „Анора“, Мајки Медисон, го освои Оскарот за најдобра женска улога. Наградата и ја врачи минатогодишната победничка во оваа категорија, Ема Стоун.

– Ова е сосема надреално. Многу благодарам на Академијата“, им порача Мајки на присутните.


Квентин Тарантино му го врачи Оскарот на својот колега Шон Бејкер, кој годинава ја доби наградата за најдобар режисер за филмот „Анора“.

Адриен Броди – Најдобар актер
Оскарот за најдобар актер му припадна на Адриен Броди за улогата на Ласло Тот во филмот „Бруталист“. Престижната награда му ја врачи минатогодишниот победник Силијан Марфи.


Ова е втор Оскар за Броди, откако пред 22 години ја доби златната статуа во истата категорија за филмот „Пијанистот“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Врачени наградите на 59. МТФ Војдан Чернодрински

Примајќи ја наградата за најдобра режија, Ќендрим Ријани истакна дека фестивалот во секоја наредна година …