Црвениот крст донираше два инкубатори за Детска клиника

Црвениот крст на Македонија по повод 75 години од своето основање пред пандемијата спроведе кампања за набавка на инкубатори за предвремено родени и болни бебиња каде амбасадор на кампањата беше сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска.

Свечениот дел на настанот се одржа денес каде беа донирани два инкубатори за предвремено родени и болни бебиња сместени на Одделот за неонатологија, педијатрија и цистична фиброза на Универзитетската клиника за Детски болести во Скопје.


Г-ѓа Ѓоргиевска истакна дека грижата за предвремено родени болни бебиња треба да претставува исклучително важен приоритет и во таа смисла беше и желбата да се набави оваа опрема и на таков начин да се спасат што е можно поголем број на животи.


На настанот се обрати и Генералниот секретар на Црвениот крст, г-дин Саит Саити каде смета дека треба да бидеме токму тука, одбележувајќи го нашиот јубилеј преку предавање на оваа донација која ќе биде од голема корист и ќе помогне за подобрување на условите на Детската клиника.


Донацијата беше примена од страна на Директорката на Универзитетската клиника за Детски болести, г-ѓа Наташа Алуловска каде им се заблагодари за организирање на кампањата, која што покажа дека и во услови на криза има општествено одговорни чинители кои што сакаат да помогнат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕО АНАЛИЗА ЗА 1 МАЈ: Попладневна изолирана нестабилност, проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер – Истата ќе продолжи и преку ноќта кон 2 мај

Метео прогноза на Славчо Попоски: Како што веќе подолго време најавуваме, утре на 1 мај …