ТРИ закони за среќа: Дали се придржувате до нив?

Станете среќни во неколку чекори
Среќата е одраз на нашата внатрешна состојба и прашање на лично искуство.
Професорката на Универзитетот Риверсајд во Калифорнија, Соња Љубомирски, која истражувала на оваа тема, смета дека ќе бидеме посреќни ако направиме нешто убаво за другите. Исто така, важно е да знаете како да изразите благодарност, бидејќи тоа придонесува за зајакнување на самодовербата, градење социјални врски и намалување на негативните емоции.

Еден од начините да станете среќни е оптимизмот.
Испитаниците добиле задача да ги замислат најсветлите моменти во својата иднина, а резултатите покажале дека тоа им помага да истраат во своите цели и полесно да ги надминат пречките. Исто така, важно е никогаш да не се споредувате со другите. Студијата покажала дека среќните луѓе не ги забележуваат оние кои можеби се подобри од нив, а обидот да бидат во чекор со поуспешните во материјална смисла е начин да станете подепресивни.


Среќата се рефлектира и во негувањето на меѓучовечките односи.
Најдете време да се дружите со пријателите и семејството. Посветете им внимание, кажете им што ви се допаѓа кај нив и кога ќе им се случи нешто убаво споделете ја радоста со нив.
Исто така, привилегија е да се занимавате со професијата што ја сакате бидејќи тоа ќе го правите со леснотија и уживање. Не заборавајте да се занимавате со редовна физичка активност и да медитирате, но пред сè, научете да се однесувате како среќна личност.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …