АКО НИШТО НЕ ВИ „ОДИ“ ВО СЛЕДНИОТ ПЕРИОД, ОВА Е ПРИЧИНАТА: Вечерва пристигнува полна Месечина и носи ХАОС со себе!

Полната Месечина која пристигнува вечерва ќе донесе бројни тешкотии и ќе заплетка многу нишки, предупредуваат астрологозите. Еве на што да внимавате!
Доколку забележите дека не ви оди најдобро во наредниот период, има причина и не сте единствените!
Овој ноември, поточно на 19.11.2021 г. нè очекува полна Месечина во Бик на 27 °, ниво на комуникација, ментално тело и искреност… Кога ќе се случи полна Месечина емоциите се секогаш нагласени и оваа енергија сигурно ќе не мотивира сите да бидеме искрени во комуникацијата кон себе, но и кон другите и конечно да кажеме се што мислиме и чувствуваме за да се ослободиме од товарот што го носиме во себе.
Подгответе се за тешки ситуации, но бидете и подготвени сега јасно да видите што ве боли и од каде доаѓа тој гнев. Ова затемнување на Месечината ќе биде навистина силно и веројатно многумина ќе бидат благодарни што е така, бидејќи уште повеќе ќе не поттикне да работиме на сите делови од нашата душа, и на оние места кои најмногу не печат.


Астролоите веруваат дека во изминатите неколку дена многумина од вас се чувствувале навистина лошо, поточно дека кај сите има пад на енергијата. Некаква летаргија, депресија, анксиозност и обврска колку сакаш, а воопшто да мрднете.
Аспектот на спротивставениот Марс (8) – Уран (7) кој трае, а кој ќе биде на денот на полната месечина, многу предизвикувачки аспект кој предизвикува проблеми глобално, но и колективно, носи кавги, нервоза, разни сломови, повреди. Аспект кој е подготвен да ризикува во секоја смисла.
Уран како Уран 7. го носи сето тоа неочекувано и ненадејно – и затоа некои негативни изненадувања на глобално ниво се многу лесно можни. Овој аспект секако ќе донесе проблеми со платежните трансакции, финансиите, сообраќајот, струјата. Астролозите ова не го кажуваат за да не заплашат, туку за да се заштитиме.
Затоа советуваат сите да внимаваат додека овој аспект е на небото. Смирете се, избегнувајте гужви, посветете се на себе. Во принцип, заштедете енергија и фокусирајте ги емоциите на работите што ви се допаѓаат.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …