Трагично починал 27. годишниот внук на Елвис Присли: Сам си го одзел животот!

Внукот на Елвис Присли и синот на Лиза Мари Присли, Бенџамин Кеу (27) трагично починале. Според полицискиот извештај, сам се застрелал. Тој бил пронајден во неговиот дом во Калабасас во неделата вечерта.
“Нејзиното срце е целосно скршено и таа е неутешна, но таа се обидува да биде силна за нејзините 11-годишни близнаци и најстарата ќерка Рајли. Таа го обожаваше тоа момче. Тој беше љубов на нејзиниот живот”, изјавил менаџерот Лисе Мари за медиумите.
Таа го доби Бенџамин од врскат асо музичарот Дени Кеу. Таа претходно зборуваше за сличностите помеѓу нејзиниот син и Елвис, нарекувајќи ја неверојатна.
“Бен многу личи на Елвис. Секој сакаше да се фотографира со него бидејќи сличноста е неверојатна. Понекогаш се чувствувам преплавена со емоции кога го гледам”, рекла таа.


View this post on Instagram

Mama Lion with cubs ❤️🖤💚💙🦁🥰


A post shared by Lisa Marie Presley (@lisampresley) on


Полицијата известила дека биле повикани на местото на настанот во 18:30 часот по локално време.
„По пристигнувањето, полицијата ја пронајде жртвата со рана во горниот дел од торзото. Жртвата беше прогласена за мртва на местото на настанот“, објавила полицијата.
Бенџамин живеел далеку од очите на јавноста и многу малку се знае за неговиот живот.
Медиумите во 2009. година напишале дека тој потпишал договор од 5. милиони долари со Универзал, а потоа објавил дека неговата музика нема да личи на онаа на неговиот дедо. Но, извршниот директор на Универзал мјузик, Питер ЛоФраменто, рекол дека тоа не е точно.

Бабата на Бенџамин, Присила се омажила за Елвис во 1967. година а се развеле шест години подоцна. Елвис почина во 1977. година на 43-годишна возраст.
Нивната единствена ќерка Лиза Мари се омажила за Кеу во 1988 година со која имала две деца, Бенџамин и Рајли, денес успешна актерка. Дваесет дена по разводот од Кеу, Лиза Мари се омажила за Мајкл Џексон со кого била во брак две години.
Нејзиниот трет брак со Николас Кејџ во 2002 година траел само два месеци. Четири години подоцна се омажила за Мајкл Локвуд со кого ги има близнаците Финли и Харпер. Тие се развеле во 2016 година и сè уште се наоѓаат во валкана битка за старателство над нивните ќерки.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …