Том Одел се враќа со новата акустична балада „Black Friday“

Хитмејкерот на „Another love“ издаде нова песна и видео спот за песната „Black Friday“.

Тој пее: „Се е во мојата глава, се е во мојот ум, јас сум толку себичен, ти си толку љубезнa…. Гледам во огледало што ми се случува. Сакам подобро тело. Сакам подобра кожа. Сакам да бидам совршен како и сите други твои пријатели“.


За тоа како настана песната, Том Одел изјави: „Ја напишав оваа песна на мојот роденден минатата година, што се случи еден ден пред „Црниот петок“. Песната е инспирирана од моето восхитување и љубов кон луѓето во мојот животот, но и мојата склоност да бидам нељубезен кон себе. Мислам дека тоа е љубовна песна и многу сум горд на неа и се надевам дека ќе им се допадне на луѓето“.

Новиот сингл „Black Friday“ Том Одел го изведуваше на турнеата што ја имаше оваа година.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …