ТЛЦ Балканс – „Мојот дебел живот“

Од Четврток, 5. Април во 21.часот
Во оваа реалити серија ќе запознаеме храбри луѓе од кои секој тежи повеќе од 270кг. Сакајќи засекогаш да го променат својот живот, се одлучиле да го решат проблемот со килограмите.

Секоја епизода ни носи нова емотивна приказна за некој од ликовите во серијата, а ги следиме и
нивните операции како и новите здрави навики кои би можеле да им го променат животот и да им помогнат да изгубат стотици килограми. Серијата ги следи Рена и Леј кои се запознале во британскиот рехабилитациски центар и очајнички пробуваат да ја спасат својата врска и своите животи. Јанине толку многу стравува бидејќи е скоро неподвижна и мора да ја надвлада физичката и емоционална болка како би ослабела и би се надевала на нормален живот. Но дали ќе успее да помине низ фазите за губење тежина? Поминувајќи низ многу операции, секој од нив се бори и со
зависност, но сепак се надеваат дека ќе ја остварат својата цел.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 21 година без нашиот истакнат актер Кирил Ќортошев

Кирил Ќортошев е роден во Ќустендил на 14 февруари 1922 година. Тој беше истакнат македонски …