Тлото во Македонија не се смирува – регистриран нов силен земјотрес

Нов земјотрес со јачина од 4,9 степени според Рихтер во 15.25 часот повторно ја погоди нашата земја.
Земјотресот што се почувствува попладнево во 15.25 часот е повторно од епицентралното подрачје Гостивар – Тетово со епицентар на 50 километри југозападно од Скопје и со локална Рихтерова магнитуда 5.0, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.
„Според досегашните податоци, земјотресот најсилно беше почувствуван од населението во Гостивар и Маврово со интензитет од V-VI степени според Европската макросеизмичка скала, Дебар и Кичево со интензитет V, во Тетово и Скопје со IV степени, а во Струга, Охрид, Битола, Прилеп и околината со III-IV степени според истата скала“, соопшти Опсерваторијата.
Земјотрес со локална Рихтерова магнитуда од 5 степени беше регистриран утрово во 4.54 часот во епицентралното подрачје Тетово – Гостивар на 50 километри југозападно од Скопје


Утринскиот земјотрес бил почувтвуван и во земјите во окружувањето.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …