Театарската претстава „Среќен мртовец“ вечерва во Националната Опера и Балет

Во Националната Опера и Балет, вечерва со почеток во 19:00 часот, ќе биде изведена претставата „Среќен мртовец“ во продукција на Алтернативен Театар Отпишани – Скопје.

„Среќен мртовец“ е сатирична драма за живиот мртовец Живко, кој поради системска грешка добива решение дека починал. Од тој момент животот на Живко се претвора во пекол и борба со нефункционалниот државен систем, бирократија и административни лавиринти.


Преку еден апсурден начин, во својата борба да докаже дека е жив, Живко го соголува до гола кожа државниот апарат и сите негови слабости.

Автор: Марјан Анѓеловски


Улоги: Благој Чоревски, Ирена Илиевска, Марија Лазарова, Ивана Стамевска, Огнен Велевски и Јасмин Рамани.

Цена нa влезница 300 денари.


Билети на: https://www.kupikartizase.com/Events/sreken_mrtovec_mob

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Први Мај во Дојран: врвулица од луѓе, се бара паркинг место, но и слободно столче во рестораните

Први Мај во Дојран е главно врвулица од луѓе кои го бараат своето место да …